Прејди на содржината

Мамо, кој чука на порти

Од Wikisource
Мамо, кој чука на порти?
Чука, тропа, мила ќерко,
Твојто верно либе.


Мамо, дал' да му отворам?
Немој ќерко, немој душо,
Вечера немаме.


Вечера ќе бидат, мамо,
Вечера ќе бидат, мамо,
Мојте слатки думи.


Мамо, дал' да му отворам?
Немој ќерко, немој душо,
Постела немаме.


Постела ќе биде, мамо,
Постела ќе биде, мамо,
Мојта рамна снага.


Ако ќерко ако,
убо е то убо е,
али ти сепак не отварај.


Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика