Прејди на содржината

Македонски народни песни/ Гукни ми гукни гугутко

Од Wikisource
Еј, гугутка гуга у гори
Невеста шета по двори (х2)
Еј, гукни ми гукни гугутко
и јас сум така гугало
и јас сум така гугало
кога сум било при мама.
Еј, кога ме мама миеше,
бело ми лице цавтеше,
бело ми лице цавтеше,
руса ми коса растеше.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика