Македонски народни песни/ Буките развиват
Изглед
- Буките развиват, браќа,
- Буките развиват,
- Буките развиват, браќа,
- Сатот наближуве,
- Сатот наближуве, браќа,
- За нашта слобода.
- Нашини ти мајки, браќа,
- Нашини ти мајки,
- Нашини ти сестри, браќа,
- Црни крпи носат,
- Црни крпи носат, браќа,
- И за нас жаљуват.
- Нашини татковци, браќа,
- Нашини татковци,
- Нашини татковци, браќа,
- Небричени одат,
- Небричени одат, браќа,
- И за нас жаљуват.
- Нашини ти сестри, браќа,
- Нашини ти сестри,
- Нашини ти сестри, браќа,
- Нечешљани одат,
- Нечешљани одат, браќа,
- И за нас жаљуват.
- Нашини ти браќа, браќа,
- Нашини ти браќа,
- Нашини ти браќа, браќа,
- Нестрижени одат,
- Нестрижени одат, браќа,
- И за нас жаљуват.
- Нашини ти жени, браќа,
- Нашини ти жени,
- Нашини ти жени, браќа,
- Млади о вдовици,
- Млади о вдовици, браќа,
- И за нас жаљуват.
- Нашини ти деца, браќа,
- Нашини ти деца,
- Нашини ти деца, браќа,
- Дробни сирачиња,
- Дробни сирачиња, браќа,
- И за нас жаљуват.
Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |