Прејди на содржината

Македонски народни песни/ Болен лежи млад Стојан

Од Wikisource
Болен лежи млад Стојан,
Болен лежи и ќе умре.
Над главата му, младата невеста,
С' машко дете на раце,
Солзи рони, солзите и’ капат,
По Стојановото лице.
Стојан се подразбуди
И тивко и’ говори:
"Ој Невено, ти млада невесто,
Што ми лади лицево?
Дали ситна роса подросува
Или силни дождови?"
А Невена му вели:
"Стојане бре стопане,
Нити ситна роса подросува,
Нити силни дождови-
Мојве солзи по лице ти капат,
Од селански неправди.
Синоќа крај чешмата,
Селани се збраја,
Збор збореја, кога ти ќе умреш,
Дете да ми задават,
Мене млада, далеку однесат,
За пари ме продадат."


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика