Македонски народни песни/ Бог да бие мојта мајка
Изглед
Бог да бие мојта мајка е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Бог да бие мојта мајка
- Бог да бие мојта мајка [2х]
- де мори Јано де, де, де
- де мори душо де. [2х]
- Што ме даде на далеку
- на далеку, преку Вардар
- да мори Јано де, де, де
- де мори душо де. [2х]
- Да не можам да се видам
- нит со мајка нит со татко
- де мори Јано де, де, де
- де мори душо де. [2х]
- Нит со мајка нит со татко
- нит со браќа нит со сестри
- де мори Јано де, де, де
- де мори душо де. [2х]
- Нит со браќа нит со сестри
- нит со мојто прво либе
- де мори Јано де, де, де
- де мори душо де. [2х]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |