Прејди на содржината

Македонски народни песни/ Бело лице љубам јас

Од Wikisource
Бело лице љубам јас,
Бело лице љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема, душо моја.
Шеќерна, шеќерна,
Ти калеша неверна.
Гајтан веѓи љубам јас,
Гајтан веѓи љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема, душо моја.
Шеќерна, шеќерна,
Ти калеша неверна.
Црни очи љубам јас,
Црни очи љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема, душо моја.
Шеќерна, шеќерна,
Ти калеша неверна.
Медено усте љубам јас,
Медено усте љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема, душо моја.
Шеќерна, шеќерна,
Ти калеша неверна.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Во изведба на Групата Бапчорки