Македонски народни песни/ Ај што ми е мило ем драго

Од Wikisource

Ај што ми е мило ем драго е македонска народна песна.

Текст на песната[уреди]

Ај што ми е мило ем драго
Ај што ми е мило ем драго
млада партизанка да станам.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.
Млада партизанка да станам
во Пелистерска планина
кај дванаесет кладенци.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.
Таму си клетва зедовме
со фашисти да се биеме
слобода да добиеме.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.
Слобода да добиеме
за нашта Македонија.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски[уреди]