Македонски народни песни/ Ајде слушај, слушај, Калеш бре Анѓо
Изглед
- Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо,
- што тамбурата свири.
- Тамбурата свири, калеш бре Анѓо,
- анама да бидиш.
- Анама да бидиш, калеш бре Анѓо,
- на чардак да седиш.
- На чардак да седиш, калеш бре Анѓо,
- жолтици да броиш.
- Жолтици да броиш, калеш бре Анѓо,
- бисери да нижиш.
- Бисери да нижиш, калеш бре Анѓо,
- на грло да редиш.
- Ајде, слушај, слушај клето бре Турче,
- анама не бивам.
- Анама не бивам, клето бре Турче,
- турски не разбирам.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |