Македонски народни песни/ Ајде поминувам заминувам

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајде поминувам заминувам,
На бел камен починувам.
Ајде сал питувам, пропитувам,
Дека седи калеш Родна.
Ајде калеш Родна,
Калеш родна вапцарката.
Ајде да ми вапца мори,
Да ми вапца два бајраци.
Ајде еден зелен, еден зелен,
Еден зелен, другјо црвен.
Ајде зелиниот мори за на свадба,
Црвенијот за на бојот.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Во изведба на Група Бапчорки