Прејди на содржината

Македонски народни песни/ Ајде Милке да бегаме

Од Wikisource
Ајде Милке да бегаме,
Наше село Малешево
Милкано, мори моме убаво
Наше село Малешево
Од три страни сонце грее,
Од три страни сонце грее
Од четврта-месечина
Милкано, мори моме убаво
Наше село Малешево
Три пати се жетва жнее
Три пати се жетва жнее
Два пати се грозје бере
Милкано, мори моме убаво.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика