Македонски народни песни/ Ајде, ред се редат, мале
Изглед
- Ајде, ред се редат, мале,
- Ајде, ред се редат,
- Кочански сејмени, мила мале,
- Кочански сејмени.
- Ајде, ќе ми одат, мале,
- Ајде, ќе ми одат,
- Покрај Крива Река, мила мале,
- Покрај Крива Река.
- Ајде, ќе го барат, мале,
- Ајде, ќе го барат,
- Иљо арамија, мила мале,
- Иљо арамија.
- Ајде, не ми било Иљо,
- Ајде, не ми било,
- Покрај Крива Река, мила мале,
- Покрај Крива Река.
- Ајде, тук ми било Иљо,
- Ајде, тук ми било,
- Во Солуна града, мила мале,
- Во ладна меана.
- Ајде, го служела, мале,
- Ајде, го служела,
- Мома Македонка, мила мале,
- Мома Македонка.
- Ајде го разбрале, мале
- ајде, го разбрале
- клетите шпиони, мила мале
- клетите шпиони.
- Ајде, сардисале, мале
- ајде, сардисале
- ладната меана, мила мале
- ладната меана.
- Ајде, кога виде, мале
- ајде, кога виде
- Иљо арамија, мила мале
- Иљо арамија.
- Ајде, па извади, мале
- ајде, па извади
- бомби и патрони, мила мале
- бомби и патрони.
- Ајде, па потепа, мале
- ајде, па потепа
- целата потера, мила мале
- целата потера.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |