Македонски народни песни/ Ако умрам ил загинам

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино
скршете ги чашите.
Рефрен:
Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. х2
Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.
Рефрен
Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени.
Што сум лудо, лудовало
на младите години.
Рефрен


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Во изведба на Јонче Христовски