Македонски народни песни/ Абер иде од Могила
Изглед
- Абер ми иди од Могила,
- низ поле Пелагониско,
- право ми оди Битола -----
- Битола кај валијата. 2х
- Валијо бре Селим--ефенди 2х
- Могила е полна комити ----
- таму е Димче Могилче. 2х
- налутил се Селим--ефенди, 2х
- боднал си коња дорија
- утре ќе оди Могила
- собрал си аскер најсилен
- низ прстен јајце да боде.
- Ај од тука Димче Могилче
- ај од тука куче каурско,
- жената ќе ти ја украдам
- далеку ќе ја однесам 2х
- во сарај ќе ја потурчам.
- Ај од тука Селим--ефенди
- ај од тука куче касапско,
- кожата ќе ти ја одерам
- на плевна ќе ја обесам 2х
- тапан ќе ја направам.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |