Македонијо жална ле мајко
- Македонијо жална ле мајко
- доста си страдала,
- страдала си жална ле мајко
- цели пет векови. [х2]
- Ако сакат Господ ле мајко
- јас да си пораснам
- села ќе соберам ле мајко
- чета ќе направам. [х2]
- Планина ќ' одам мила ле мајко
- с' душман ќе се бијам
- с' душман ќе се бијам ле мајко
- знаме ќе развијам. [х2]
- На знамето да пишит ле мајко
- смрт или слобода
- смрт или слобода ле мајко
- за Македонија. [х2]