Маж ми е генерал

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маж ми е генерал
шеесет годишен стар,
стар и подгрбен е тој
незгоден за љубов.
А јас сум млада мома
шеснајст годишна сум
возрасна на младост
створена за љубов.
Во Струга на балот
там ќе се заљубам јас
во еден млад офицер
достоен кавалер.
И с' него целата ноќ
ќе спијам во раскош
тој ќе ми дари цвеќа
и прва целувка.
О боже, мили боже
дал' ќе сврши тој бој
дал' ќе се врати тој
и биде вечно мој.

Поврзано[уреди]