Магла падна нане

Од Wikisource
Магла падна мамо,
по полето.
Тага мене мамо,
на срцето,
за едно моме, мамо,
во комшии.
Плет ни дели, мамо,
двориштата.
Ѕид ни дели, мамо,
чардаците,
китка дели, мамо,
образите.
Ил' ме жени, мамо,
ил' ме доми.
пуста младост, мамо,
не се трпи.
Не е огин, мамо,
да прегори.
Не е вода, мамо,
да претече.
Ако не ме жениш,
нит' ме домиш,
ќе се фрлам, мамо,
в матен Вардар.

Поврзано[уреди]