Лична валандовчанка

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Една мома калеша,
што ја сретнав в' младоста,
уште не ме остава,
да ја сетам радоста. [х2]
Очи бистри Дојрански
уста зрела калинка [х2]
лична Валандовчанка.
Јас ја љубев искрено
таа ми се заколна,
дека уште ме сака,
само мене до века. [х2]
Очи бистри Дојрански
уста зрела калинка [х2]
лична Валандовчанка.
Рујно вино од желбите
утеха ми остави
љуби ги разделбите. [х2]
Очи бистри Дојрански
уста зрела калинка [х2]
лична Валандовчанка.

Поврзано[уреди]