Лино, мори моме, севдалино

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лино, мори моме, севдалино,
Која вечер, Лино јас да дојдам.
Море, кога сакаш Ѓорѓи, тогај дојди,
Оваа вечер, Ѓорѓи не доаѓај.
Море, татко појде, Ѓорѓи во Солуна,
Во Солуна Ѓорѓи, на пазарот.
Море, кога појдов мамо, што да видам,
Лина стои диван пред свекрва.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика