Ленче бре душо, Ленче бре срце
Изглед
- Ленче бре душо, Ленче бре срце,
- Умирам загинвам за тебе
- Кога поминвам, кога заминвам
- Покрај твоето дуќанче
- Аман Ленче бре.
- Рефрен:
- Врви, лудо, врви си
- Ваму фајде ти немаш
- Лице мое бело румено
- Е армасано.
- Ленче бре душо, Ленче бре срце,
- Умирам загинвам за тебе
- Кај и да одам тебе те гледам
- Срцево мое ќе пукне,
- Аман Ленче бре.
- Рефрен:
- Врви, лудо, врви си
- Ваму фајде ти немаш
- Лице мое бело румено
- Е армасано.
- Ленче бре душо, Ленче бре срце,
- Умирам загинвам за тебе
- Се ќе ти купам, сал да те земам
- Цел век да бидам со тебе
- Аман Ленче бре.
- Рефрен:
- Врви, лудо, врви си
- Ваму фајде ти немаш
- Лице мое бело румено
- Е армасано.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |