Прејди на содржината

Ленче бре душо

Од Wikisource
Ленче бре душо, Ленче бре срце,
Умрев загинав за тебе,
Кога помина, кога замина,
Покрај моето дуќанче,
Леле Ленче бре.
Немој бре лудо, немој бре душо,
Не играј се ти со мене,
Јас не можам да те земам
Јас сум си моме
Лудо, мори, сираче.
Мајка ти лудо, мајка ти душо,
Дарови ќе ми сакаја,
Јас не можам да ја дарам
Јас сум си моме,
Лудо, море, сираче.
Мајка ми Ленче, татко ти душо,
Дарови не ти сакајат
Збор да ми кажем, дума да дадеш
Оти ти моја
Ленче ќе бидеш.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни