Прејди на содржината

Легнало моме заспало

Од Wikisource
Легнало моме заспало
на мајкино си колено аман, ѓули аман,
таман што си моме заспало,
големо соне видело аман, ѓули аман.
На сон дојдоја три луди,
три луди млади беќари аман, ѓули аман.
Првиот што ми помина,
тој ми потфрли јаболко аман, ѓули аман,
тој што потфрли јаболко
како него да се тркала аман, ѓули аман.
Вториот што ми помина,
тој ми потфрли злат прстен аман, ѓули аман,
тој што потврли злат прстен
низ него да се провира аман, ѓули аман.
Третиот што ми помина,
тој мене на сон целува аман, ѓули аман,
тој што мене на сон целува
со него да се ќердосам аман, ѓули аман.

Поврзано

[уреди]