Прејди на содржината

Крај морето шир, широко

Од Wikisource

Крај морето шир, широко

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Крај морето шир, широко
многу дрвја маслинови.
Тргнала ми мома Дана
маслинки да си набере.

На брег седи лудо младо,
со кавал си потсвирнува.
Со кавал си потсвирнува
и на моме намигнува.

Се засрами лично моме
и избега во маслинки.
Таму моме прилегнало,
прилегнало, па заспало.

- Ајде стани лудо, младо,
сонце ми те огрејало.
Сонце ми те огреало,
ветре ми те поддувнало.

- Немој лудо, не ме буди,
ништо нека не те чуди.
Една радост в' срце чувам,
тебе лудо те сонувам.

Од кавал ми срце збори:
„дојди лудо до пред зори“,
кавал свири песна моја,
дека јас ќе сум ти твоја.


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.