Крај Вардарот седеше

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крај Вардарот седеше,
Алтан капче везеше.
Шеќерџиче, јабанџиче,
Да пукниш ќе те земам.
Алтан капче везеше,
Дробни солзи ронеше.
Шеќерџиче, јабанџиче,
Да пукниш ќе те земам.
Дробни солзи ронеше,
Тенки прсти кршеше.
Шеќерџиче, јабанџиче,
Да пукниш ќе те земам.
Тенки прсти кршеше,
Луто мајка колнеше.
Шеќерџиче, јабанџиче,
Да пукниш ќе те земам.


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика