Прејди на содржината

Кранфило, фил-фило моме

Од Wikisource
Кранфило, фил-фило моме,
Каранфило, фил-фило,
Ти каранфил не носиш, моме,
На каранфил мирисаш.
Друшките ти носеја, моме,
Друшките ти носеја,
Друшките ти носеја, моме,
Ама не мирисаја.
Цел ден стојам пред порти, моме,
Цел ден стојам пред порти,
Цел ден стојам пред порти, моме,
Пушка држам во раце.
Да убијам татко ти, моме,
Да убијам татко ти,
Да убијам татко ти, моме,
Татко ти, ем мајка ти.
Жал ми падна за тебе, моме,
Жал ми падна за тебе,
Ќе останеш сираче, моме,
Без мајка и без татко.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика