Прејди на содржината

Коледарска песна (2)

Од Wikisource

Коледарска песна

од народна песна


 Цуцул стои на грутка та си шие ќесулка. А шчо ќе му ќесулка?

- Да си бере жирчок. - А шчо ќе му жирчок? - Да си рани прасето.

- А шчо ќе му прасето? - Да му пушча лојца. - А шчо ќе му лојца?

- Да си мазни стапчето. - А шчо ќе му стапчето? - Да си тепа бабата.

- А шчо ќе му бабата? - Да му роди машко дете. - Како го викат?

- Ајчин, бајчин! Коледе, коледе!


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]