Коледарска песна (11)

Од Wikisource

Коледарска песна

од народното творештво
од записите на Марко Цепенков.


Збирајте се дечиња, стред село на грејачка,

огон да си палиме, за да се изгреиме,

оти после ќе одиме, Коледа да викаме,

костење да збираме, за Бадник да јадиме,

Божик да го чекаме, и прасе да јадиме.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]