Прејди на содржината

Кога тргнав Цвето во туѓина

Од Wikisource
Кога тргнав Цвето за туѓина
дробни солзи ти ронеше
дробни солзи Цвето ти ронеше
и во Бога се колнеше.
Дека верна Цвето ќе ми бидеш
куќа деца ќе ми гледаш
но јас Цвето мори верба немав
бргу назад јас се вратив.
Наш'то порте Цвето затворено
а децата позаспани.
Ламбичето подзапрено
а ти Цвето во комшии.
А ти Цвето во комшии
црно кафе си пиеше
црно кафе Цвето си пиеше
благ муабет си правеше.
Како знаеш Цвето, така прави
ти на мене да не мислиш.

Поврзано

[уреди]