Кога се мажеше што ти се чинеше
Изглед
- Кога се мажеше што ти се чинеше,
- Невесто, мори црно око,
- Лиду, лиду, лиду ду,
- Црно ле око, де.
- Дали ти се чинеше момче шеќерче,
- Невесто, мори црно око,
- Лиду, лиду, лиду ду,
- Црно ле око, де.
- Ниту је момче, момче шеќерче,
- Невесто, мори црно око,
- Лиду, лиду, лиду ду,
- Црно ле око, де.
- Ниту је круша, круша шербетлика,
- Невесто, мори црно око,
- Лиду, лиду, лиду ду,
- Црно ле око, де.
- Камо ти невесто за свекорот кошула,
- Невесто, мори црно око,
- Лиду, лиду, лиду ду,
- Црно ле око, де.
- За свекорот шамија, за деверот чорапи,
- Невесто, мори црно око,
- Лиду, лиду, лиду ду,
- Црно ле око, де.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |