Кога падна на Пирина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
полетаа три сокола
и на Јане збореа:
- Ајде Јане со нас појди,
ние лек ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек ќе најде.
Први сокол проговара:
- Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас појди,
горе в' Пирин Планина.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.
Втори сокол проговара:
- Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас дојди,
дур' до белото море.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.
Трети сокол проговара:
- Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас појди,
долу крај Вардара.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.
- Ој те вие три сокола,
в' срце сум ранет.
Оставај мене тук' да умрам,
лек мене не лекува.
Македонија други ќе роди,
кој ќе ја ослободи.

Поврзано[уреди]