Прејди на содржината

Книга на Исус Невин/ 21 глава

Од Wikisource

20 глава Книга на Исус Невин
21 глава
од н.п.
22 глава


  1 Тогаш главатарите на левитските татковски домови појдоа кај свештеникот Елеазар и кај Исуса, Навиновиот син, и кај племенските главатари на Израел.
  2 И им рекоа во Сило, во Ханаанската земја: „Господ заповеда преку Мојсеја да ни се дадат градови каде ќе живееме и пасишта околу нив за нашиот добиток.”
  3 Израелците им ги дадоа на левитите од своето наследство, според Господовата заповед овие градови со нивните пасишта.
  4 И така излезе жрепка за Каатовото семејство: на левитите, на потомците на свештеникот Арон, им припаднаа триесет градови од племињата: Јудиното, Симеоновото и Венијаминовото;
  5 На другите Каатови синови им припаднаа со жрепка според семејствата десет градови од племињата: Ефремовото и Дановото и од половината племе Манасиево.
  6 Гирсоновите синови добија според семејствата тринаесет градови од племињата: Исахаровото, Асировото и Нефталимовото и од половината племе Манасиево во Васан.
  7 На Мерариевите синови според нивните семејства им припаднаа дванаесет градови од племињата: Рувимовото, Гадовото и Завулоновото.
  8 Така, Израелците со жрепка им ги доделија на левитите тие градови со пасиштата, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја.
  9 Од племето на Јудините синови и од племето на Симеоновите синови беа доделени овие градови што се спомнуваат по име:
10 на Ароновите синови во Каатовите левитски семејства, зашто првата жрепка беше за нив,
11 им припаднаа Киријат-Арва, главниот град на Анаковците, односно Хеврон, во Јудината Гора, со пасиштата наоколу.
12 Ама полињата околу тој град со селата наоколу веќе му беа дадени во наследство на Халев, Јефониевиот син.
13 На синовите на свештеникот Арон им припаднаа градот - засолниште Хеврон со пасиштата и Ливна со пасиштата;
14 Јатир со пасиштата, Естемоја со пасиштата,
15 Олон со пасиштата, Давир со пасиштата,
16 Аин со пасиштата, Јута со пасиштата, Вет-Семес со пасиштата. И така, девет градови од оние две племиња.
17 Од Венијаминовото племе: Гаваон со пасиштата, Гаваја со пасиштата,
18 Анатот со пасиштата, Алмон со пасиштата. И така, четири града.
19 Така свештениците, Ароновите синови, добија вкупно тринаесет градови со нивните пасишта.
20 На другите левити со семејствата на Каатовите синови со жрепка им припаднаа градовите на Ефремовото племе.
21 Им ги дадоа: градот - засолниште Сихем со неговите пасишта на Ефремовата Гора, потоа Гезер со пасиштата,
22 Кивсаим со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата: четири града.
23 Од Дановото племе ги добија: Елтекон со пасиштата и Гиветон со пасиштата,
24 Ајалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: четири града.
25 Од половината Манасиево племе: Танах со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: два града.
26 Вкупно семејствава на другите Каатови синови добија десет градови со пасиштата.
27 На Гирсоновите синови, на левитските семејства им ги дадоа од половината Манасиево племе градот - засолниште Голан во Васан и Вестера со нивните пасишта: два града.
28 Од Исахаровото племе: Кисон со пасиштата, Даврот со пасиштата,
29 Јармут со пасиштата и Ен-Ганим со пасиштата: четири града.
30 Од Асировото племе: Мисал со пасиштата, Авдон со пасиштата,
31 Хелкат со пасиштата и Реов со пасиштата: четири града.
32 Од Нефталимовото племе: град - засолниште Кедес во Галилеја со пасиштата, Амот-Дор со пасиштата и Картан со пасиштата: три града.
33 Вкупно Гирсонови градови според нивните семејства беа тринаесет со пасиштата.
34 На семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа им ги дадоа од Завулоновото племе: Јокнеам со пасиштата, Карта со пасиштата,
35 Димна со пасиштата, Налол со пасиштата: четири града.
36 Од онаа страна на Јордан, од Рувимовото племе, им ги дадоа: градот - засолниште Восор со пасиштата на пустинската висорамнина, Јаза со пасиштата,
37 Кедимот со пасиштата, Мефат со пасиштата; четири града.
38 Од Гадовото племе: градот - засолниште Рамот во Галада со пасиштата, Маханаим со пасиштата,
39 Есевон со пасиштата, Јазир со пасиштата: четири града.
40 Вкупно им беа доделени со жрепка на семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа, дванаесет градови.
41 Така среде наследството на Израелевите синови беа четириесет и осум левитски градови со пасиштата.
42 Секој тој град имаше и пасишта наоколу. Така беше со сите спомнати градови.
43 Така Господ им ја даде на Израелците сета земја за која се заколна дека ќе им ја даде на нивните татковци. Ја примија во сопственост и се населија во неа.
44 И Господ им даде да се одморат во мир на сите меѓи, како што им се беше заколнал на нивните татковци. Никој од нивните непријатели не беше способен да им даде отпор.
45 Од сите ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом ниедно не остана неисполнето. Сè се исполни.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse