Кирајџиче, јабанџиче
Изглед
- Кирајџиче, јабанџиче,
- Каде одиш, џанам, каде шеташ?
- Дал го виде мојто либе?
- Мојто либе, џанам, тој Ѓорѓија.
- Јас го видов у мејана,
- Сладок ручок си ручаше.
- Сладок ручок си ручаше,
- Рујно вино си пиеше.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |