Кинисуе Стојан во планина
Изглед
- Кинисуе Стојан во планина,
- кинисуе нарачуе,
- нарачуе Стојан на мајка си.
- Јас ќе одам мајко во планина,
- во планина мајко, по рудина,
- да напасам мајко бело стадо.
- И оставам мајко седум сестри,
- ти да гледаш мајко да ги караш,
- да не скитат ноќе по сокаци.
- Да не чујам мајко нешто смеја,
- да се бајат шега селаните,
- да не ми се смејат другарите.