Прејди на содржината

Кинисало бело Маре за вода да оди

Од Wikisource

„ Кинисало бело Маре за вода да оди “

од Македонско народно творештво
од Битола, пеел Живко Јовановски (1960 година), Соборски народни песни, Македонски народни песни

Кинисало бело Маре за вода да оди,
Оф,оф,леле,за вода да оди,
Аман,аман,за вода да оди.

По пат оди бело Маре,па ми се чудеше
Оф,оф,леле,за вода да оди,

-Што е ова врева,џанам горе, во селото,
Оф,оф,леле,за вода да оди,

-Моми,момци,Маре мори,оро ми играат,
Оф,оф,леле,за вода да оди,

Па се фати бело Маре, оро да поигра,
Оф,оф,леле,за вода да оди,[1]


Наводи

[уреди]
  1. /files/books/Соборски народни песни“],Васил Хаџиманов стр.15 Скопје август 19464год Издавач:Книгоиздателство „Кочо Рацин“-Скопје тираж 3000 примероци.