Прејди на содржината

Кинисала желка мома,на орање на копање

Од Wikisource

„ Кинисала желка мома,на орање на копање “

од Македонско народно творештво
од Велес, пеел Цандо зафиров (1958 година), Соборски народни песни, Македонски народни песни,

Кинисала желка мома,
лив,лив,лив,лив гајде.
на орање на копање,
лив,лив,лив,лив гајде
На среќа е еже ерген,
Та ја препна и ја репна,
лив,лив,лив,лив гајде,
Се разлути желка мома,
па отиде кај кадија,
лив,лив,лив,лив гајде,
Еј,кадија,млад судија,
ели суди,ел стануј,
лив,лив,лив,лив гајде,
што е ова од еже ерген,
тој ме препна и ме репна,
лив,лив,лив,лив гајде,
Ми истури зелен зелник,
зелен зелник,коприварник,
лив,лив,лив,лив гајде.[1]


  1. /files/books/Соборски народни песни“],Васил Хаџиманов стр.63 Скопје август 19464год Издавач:Книгоиздателство „Кочо Рацин“-Скопје тираж 3000 примероци.