Прејди на содржината

Кинисав да одам

Од Wikisource
Кинисав да одам,
во Костур на гости.
Деверот ми викна:
„Врати се невесто“.
Врати се невесто,
момчето ти дојде.
Момчето ти дојде,
дома не те најде.
Промена ти сака,
кошулата бела.
Кошулата бела,
ич не заносена.
Вечера ти сакат,
кокошка печена.
Кокошка печена,
ич не донесена.

Поврзано

[уреди]