Прејди на содржината

Каљо, Калино девојче

Од Wikisource

Каљо, Калино девојче е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Каљо, Калино девојче
виши, виши црни очи
виши, виши црни очи
на високо, на широко. [x2]
Кај што Турци кафе пијат
Арнаути баш ракија
Арнаути баш ракија
а ергени рујно вино. [x2]
Само едно лудо младо
ниту јаде, ниту пие
само Каља погледнува
со око ѝ намигнува. [x2]
- Ајде Каљо да бегаме
в наше село, арно село
од три страни сонце грее
од четврта месечина
два пати се жетва жнее
три пати се лозје бере.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни