Прејди на содржината

Кандисуј бре, лудо младо

Од Wikisource
Многу мерак мила мајко
Скоро јаз ќе умрам,
Два мерака, два севдаха
Скоро одат во гроба.
Кандисуј бре, лудо младо,
Што ти даба мајка ми
Мама дава лудо младо
Триесет жолти жолтици
Тате дава лудо младо
Една бавча црници.
Што да правам, што да чинам
Кога е лоша мајка ти?
Не ти даба да заљубиш
Од личните ергени.
Многу мерак мила мајко,
Скоро јазе ќе умрам.
Кандисуј бре, лудо младо,
Што ти дава татко ми.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни