Калино ќерко, Калино,

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Калино ќерко, Калино,
дадов те бела, црвена,
дадов те бела, црвена,
дадов те тенка, висока.
Што болест ми те налегна,
та ми потенка повена,
што болес ми те налегна,
та ми потенка повена?
Не прашвај мале, не прашувај,
не сум од болест легнала.
Не сум од болест легнала,
тук' се од мерак разболев.

Поврзано[уреди]