Прејди на содржината

Калеш Дончо

Од Wikisource

Калеш Дончо е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Ми товарил калеш Дончо
три товари ориз
па си тргнал калеш Дончо
за пуста Битола.
Рефрен:
Леле, леле, леле, Дончо за жалење
оф, оф, оф, оф, оф, оф
Дончо штипјанчето.
На пат го сретнале Дончо
турски караколи
му најдоа пусти турци
бомби и патрони.
Рефрен
Го фрлија калеш Дончо
во темни зандани
го мачија пусти турци
во тесни долапи.
Рефрен
Аферим бре калеш Дончо
никој не издаде. [2х]
Рефрен


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни