Како што е таа чаша полна со вино
Изглед
- Како што е таа чаша полна со вино,
- Така е и мојто срце полно с'јадови.
- Дал'да пијам мила мајко, да се опијам,
- Јадовите мила мајко, да заборавам?
- Ја послушај мили синко, стара си мајка
- И да пиеш, мили синко, фајде си нема.
- Ја земи си, мили синко, пушка берданка,
- И там појди, мили синко, в гора зелена,
- Там ќе најдеш, мили синко, верна дружина,
- Јадовите, мили синко, ќе заборавиш.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |