Кажи Рајне, кажи душо

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кажи Рајне, кажи душо,
Кој ти нишан стори,
Кој ти нишан стори Рајне,
На белото лице.
Штом ме прашаш стара мајко,
Право ќе ти кажам,
Право ќе ти кажам мајко,
Тебе не те лажам.
Сношти беа стара мајко,
Момци Македонци,
Си бели коњи, мајко,
И со жолти узди.
Главатар им беше, мајко,
Мојто прво либе,
Тој ми нишан стори, мајко,
На белото лице.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика