Кажи Епсо Димушева

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кажи Епсо Димушева,
кој те тебе посврши?
Ме свршија посвршија,
уби го Таса Душана.
Не плачи, намано, Кузмано,
не плачи, не ме изгоруј.
Кажи Епсо Димушева,
кој ти беше стројникот?
Стројник беше, ми беше
млади Љубе с' тој Којчин.
Не плачи, намано, Кузмано,
срцето ми го изгоре.

Поврзано[уреди]