Кажи, кажи либе Стано
Изглед
- Кажи, кажи, либе Стано,
- Што си замислена.
- Дали руба немаш Стано,
- Или пари немаш.
- Се си имам, либе Димчо,
- Само едно немам.
- Јас си немам, либе Димчо,
- Од срце порода.
- Јас ќе одам, либе Димчо,
- Во Солуна града.
- Ќе ти купам, либе Стано,
- Дете позлатено.
- Ај, што ќе ми е, либе Димчо,
- Дете позлатено.
- Кога нема, да ми каже,
- Од срцето мајчице.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |