Каде си тргнала Кито

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каде си тргнала Кито,
Боса на жетва.
Кито ле, први мераку,
Кито ле, прва изгоро.
Дејгиди деј, први мераку,
Дејгиди деј, прва изгоро.
Боса на жетва Кито,
Дете на раце.
Кито ле, први мераку,
Кито ле, прва изгоро.
Дејгиди деј, први мераку,
Дејгиди деј, прва изгоро.
Со срп на рамо Кито,
Дете на раце.
Кито ле, први мераку,
Кито ле, прва изгоро.
Дејгиди деј, први мераку,
Дејгиди деј, прва изгоро.
Остави си српот Кито,
Дојди при мене.
Кито ле, први мераку,
Кито ле, прва изгоро.
Дејгиди деј, први мераку,
Дејгиди деј, прва изгоро.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика