Прејди на содржината

Каде се чуло мамо видело

Од Wikisource

Каде се чуло мамо видело е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Каде се чуло мамо видело
мома в зандани мамо да лежит
за таткови си мамо борџови.
Девет години мома лежала
никој ми мома мамо не барал
никој ми мома мамо не видел.
На мајка книга моме пратила
мајч ле мила моја мајчице
ај продај си мила мамо чифликот.
Ај продај си мила мамо чифликот
на бегот пари мајко однеси
од зандани да ме мајко извадиш.
Керче ле мила моја, керче ле
бегот си пари ќерко не сакат
туку ти сака ќерко лицето
белото лице ќерко, убаво
и твојта рамна снага висока.
Мајче ле мила моја мајчице
девет години мајко си лежев
и уште деветдесет да лежам
на турчин лице мајко не давам.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни