И три години станаа
Изглед
- И три години станаа
- откако болен лежав,
- и никој не се решават
- кај мене да дојдит.
- О, гори не зеленејте
- и птици не пејте,
- љубовта ме напуштат
- и скоро ќе умрам.
- И венец направете
- од мајски цвеќиња,
- дајте го на другарите
- да ми го донесат.
- Да можам ангел да станам,
- по небо да шетам,
- да видам кој ќе те љуби
- и душа да му земам.