И ние сме деца на Македонија

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
И ние сме деца на мајката земја
на мајката земја, на Македонија.
на нашата земја, на Македонија.
И ние имаме право да живејме.
како и другите живот што живеат.
А ние страдавме, гладни умиравме.
Слобода немавме правдини никакви
кога ги баравме, в затвор се најдовме
во фурни не стават за да не изгорат.
Прстите ни кршат и крвта ни пијат
а ние смели сме, и горди умиравме.
Горди умиравме, не се предававме.
Живот не жалевме, младост си дававме
за наши правдини смели умиравме. х2
Парола имавме: Смрт или Слобода
Смрт или Слобода за Македонија,
за Македонија, земја поробена.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни

Во изведба на Васка Илиева