Итар Пејо и рибината чорба

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Итар Пејо и рибината чорба

од македонското народно творештво
Тргнал Пејо еден петок со своите Мариовци на Пазар. Одејќи така патем, видел една бара во која имало доста риби, па бидејќи бил петок, не се мрсело, решил Пејо да направи ручек со риби. Но барата била длабока и рибите не се фаќале да ги испече Пејо, та така почнале сите да јадат леб и кромид. Пејо си вели како насебе: -Е, и ова не е право. Гледај риби, -јади кромид, -па како да се присети нешто, скокна од местото, ја извади лажицата од торбата и им вели на другарите: -Лажиците, бре другари! Не гледате колку рибина чорба има пред нас, а ние јадеме леб и кромид, -и сам седнал до барата и почнал да срка од водата во која се префралале слатките мренчиња -крапчиња и разни други риби. Селаните го послушале и се наредиле окулу барата, та се насркале од “убавата” и “слатка” “рибина чорба”.