Ино моме веселино

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ино моме веселино
ме изгоре како вино,
ме накити ти со цвеќе,
што нема, нема да свене веќе. [x2]
Ино моме веселино
ми отвори небо сино,
кај што лутам како облак,
по твојата снага топла. [x2]

Рефрен:

Ино моме веселино
наточи ми чаша вино
подари ми небо сино,
да те пијам да испијам,
подари ми небо сино
јадови свои јас да скријам.
Ино моме веселино
ми отвори небо сино,
кај што лутам како облак,
по твојата снага топла. [x2]
Ино моме веселино
наточи ми чаша вино,
подари ми небо сино,
да те пијам да испијам.

Поврзано[уреди]