Прејди на содржината

Излегол Јане прошетал

Од Wikisource

Излегол Јане прошетал е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Излегол Јане прошетал, леле
низ таа Пирин Планина
низ таа Пирин Планина, леле
низ тоа поле широко.
Нарамил пушка на рамо
настранил капа на чело
на пат ми сретна овчарче, леле
на овчарче вели, говори.
Овчарче младо чобанче, леле
дали ја виде четата
дали ја виде четата, леле
четата на Јане Сандански.
Видело сум ја слушнало, леле
сега за Јане збореа
каде е Јане Сандански, леле
четата да си прибере.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни